Apple наскоро ќе ја објави 16.2 верзијата на својот оперативен систем iOS, која се очекува да вклучува нова функција за безбедност.
Rapid Security Response е функција која требаше да се појави во првата верзија на iOS 16, но беше одложена. Ова е функција која ќе биде од голема помош за многу корисници.
Новата функција би требало да му овозможи на Apple да испраќа безбедносни надградби на iPhone уредите кои не се дел од редовните верзии на iOS.
Според сегашниот систем, Apple ги доставува ажурирањата на корисниците постепено и само ако ја имаат вклучено опцијата Автоматски ажурирања. Корисниците често чекаат долго време за надградби, а уредите се изложени на безбедносни пропусти.
Откако ќе пристигне Rapid Security Response функцијата, Apple ќе може да ги ажутира iPhone уредите на корисниците без рачна надградба на софтверот.