Американската вселенска агенција NASA е во потрага по практични решенија за изградба на одржливи структури на Месечината, па го продлабочи партнерството со компанијата ICON од Остин, Тексас.
Оваа компанија е позната по изградбата на првата 3D принтана куќа за живеење во САД, во 2018 година. НАСА сега ја продлабочи соработката и склучи договор вреден 57.2 милиони долари за да развие решенија кои би помогнале во изградбата на инфраструктура како објекти за живеење, патишта на лунарната површина и простори за слетување.
Со потпишувањето на низа договори со приватната компанија, NASA се обидува да ги дополни долгорочните мисии за истражување на Месечината, во склоп на програмата Artemis.
„Со поттикнување на овој развој со нашите комерцијални партнери ќе создадеме можности потребни за идните мисии“, вели Ники Веркајсер, директорка за развојна технологија во NASA, во Дирекцијата за мисии на вселенската технологија..
Новиот проект е продолжение на напорите на ICON во скопл на договорот за двојна намена, што е делумно финансиран од NASA и од Американските воздухопловни сили.
„За да ги истражуваме другите светови, потребно е да ги адаптираме иновативните технологии на тие опкружувања и потреби за нашето истражување“, додаде Веркхајсер.
Симулираното опкружување на мас, наречено Mars Dunel Alpha е развиено од ICON со помош на напредна техника на 3D принтање. Оваа структура ќе се користи за обука на астронаутите за долготрајни мисии.
Една од целите на NASA е постојано човечко присуство на Месечината до 2028 година.