Компанијата SpaceX речиси двојно ја зголеми цената на сателитскиот интернет Starlink во Украина, пишува Financial Times.
По руските напади на украинската електрична мрежа и зголемената побарувачка за сателитските уреди на SpaceX, забележано е големо зголемување на цените на Starlink услугите во Украина. За поскапувањето, претплатниците во Украина биле известени преку мејл. Сепак, цената е пониска од првичната која изнесуваше 100 долари, а беше намалена во август поради „условите на локалниот пазар“.
Само за споредба, терминал во САД чини 599 долари, а месечна претплата 110 долари.
Цената на Starlink терминалот во Украина е зголемена од 385 долари на околу 700 долари, додека месечната претплата од 29 декември ќе изнесува 75 долари, наместо 60 долари како досега.
Поскапувањето е за индивидуалните корисници така што не е јасно дали тоа ќе се однесува и на украинската влада која доби Starlink терминали од различни донатори како SpaceX и НАТО.
Цените на Starlink интернетот се зголемени и во соседна Полска, а останаа непроменети во поголем дел од Европа.
Сателитскиот интернет ѝ овозможи на Украина да задржи пристап до интернет и покрај руската инвазија што почна на 24 февруари.