Сè уште не е јасно до кои информации добиле пристап хакерите или колку клиенти биле погодени. Извршниот директор Карим Туба вели дека хакерите не добиле пристап до зачуваните лозинки
До новиот неовластен пристап, наводно дошло со користење на информации преземени во август, кога LastPass објави дека се случил „безбедносен инцидент“, тврди Карим Туба во неодамнешната објава.
Хакерите во август 2022 година, успеаја да украдат делови од изворниот код на LastPass. Додека компанијата истакна дека во тоа време не биле украдени никакви податоци за клиентите, изворниот код се чини дека овојпат им овозможил на хакерите пристап до приватни информации.
Според тоа, ова е втор пат за само неколку месеци LastPass да претрпи безбедносен инцидент и покрај процедурата за опоправување и зашти започната во тоа време за да се спречи повторување на слични случаи.
Ова е дефинитивно загрижувачки развој за LastPass и веќе разнишаната доверба на неговите корисници.
We recently detected unusual activity within a third-party cloud storage service, which is currently shared by both LastPass and its affiliate GoTo. Customer passwords remain safely encrypted due to LastPass’s Zero Knowledge architecture. More info: https://t.co/xk2vKa7icq pic.twitter.com/ynuGVwiZcK
— LastPass (@LastPass) November 30, 2022