Официјално дебитираше најновата верзија на оперативниот систем Android TV 13, но се разбира дека нема наскоро да пристигне во нашиотв регион. Ажурирањата тука традиционално се побавни и ќе помине некое време пред да ги видиме првите модели со новата верзија на оперативниот систем.
Покрај тоа, повеќето иновации се во позадина, при што корисничкиот интерфејс е зачуван речиси целосно. Сепак, има некои новитети, вклучувајќи го и поставувањетоа на резолуцијата и стапката на освежување кога е достапен компатибилен извор преку HDMI.
Воведено е значително подобрување во однос на заштедата на енергија, па дури има и метод за паузирање на репродукцијата на HDMI доколку се промени сигналот. Покрај тоа, намалување на потрошувачката се постигнува и во режим на спиење.
Додадена е можност за избор на различен распоред на тастатурата за надворешни уреди, а има подобрувања и кај заштитата на личните податоци. Како што веќе споменавме, оперативниот систем најверојатно ќе се појави за крајните уреди некаде следната година.