Безбедното отклучување на смартфон преку препознавање на отпечаток од прст е меѓу преферираните методи за најавување на паметните телефони. За таа цел, постојат две главни решенија, скенер вграден под екранот или сензор поставен на страната на куќиштето.
Кај првиот тип на технологија, се чини дека има значително зголемување на безбедноста преку воведување на нова технологија во OLED панелите. Samsung работи на технологија за истовремено препознавање на повеќе отпечатоци, што се очекува до 2025 година.
Ова решение ќе биде воведено во дисплеите од следната генерација, OLED 2.0 за паметните телефони и таблет уреди. Според Samsung Display, користењето на три отпечатоци истовремено ја зголемува безбедноста за 2,5 x 10^9 (2.500.000.000) во споредба со само еден отпечаток.
Покрај тоа, решението на Samsung ќе работи на целиот екран, а не само на мала ограничена област.