Аналитичарите за малвер од рускиот произведител на антивируси, компанијата Dr. Web откриле низа злонамерни апликации за Android во Google Play Store кои ги преземале повеќе од два милиони луѓе.
Апликациите кои ги открил Dr. Web се претставени како корисни услужни програми и апликации за оптимизација на системот, но во реалноста тие лошо влијаат на перформансите на уредите.
Една апликација која ја истакнале од Dr. Web и која пред Google да ја отстрани од Play Store имала милиони преземања е TubeBox. Апликацијата ветува парични награди за гледање видеа и реклами во апликацијата, но никогаш не го исполнува ова ветување, туку наместо тоа прикажува грешки кога корисниците се обидуваат да ги искористат собраните награди. Истражувачите на Dr. Web велат се е во функција на тоа корисниците што подолго да се задржуваат во апликацијата гледајќи реклами од кои заработуваат програмери.
Освен оваа adware апликација, во октомври во Play Store се појавиле и апликациите Bluetooth device auto Connnect која имала милион преземања, Bluetooth & Wi-Fi & USB driver со 100.000 преземања, Volume, Music Equalizer која имала 50.000 преземања и Fast Cleaner & Cooling Master со 500 преземања.
Овие апликации вчитуваат веб страни според инструкциите кои ги добиваат од серверот генерираат лажни огласи на заразени уреди.
Dr. Web на Google Play открил и низа апликации за кои се тврди дека се поврзани со руски банки и инвестициски групи, а секоја има во просек околу 10.000 преземања.
Овие апликации се промовирани преку реклами во други апликации, каде се ветувал профит од вложувања. Меѓутоа, апликациите водат на сајтови каде од жртвите, преку измама, се земаат нивните лични податоци (fishing).
За да се заштитите од лажните апликации на Google Play, секогаш проверувајте ги негативните рецензии, обратете внимание на политиката за приватност и задолжително го посетете ја веб-страницата на програмерот, за да ја проверите автентичноста на апликацијата.
Бројот на инсталирани апликации на уредот држете го на минимум и повремено проверувајте дали функцијата Play Protect е активна.