И по неколку дена од настанот „Мажи на годината“, импресиите не стивнуваат.
Оваа година на петтото јубилејно издание на „Мажи на годината“ , со огромен број на посетители настанот помина над очекуваното. Гостите беа во неверојатно расположение, забавниот дел беше на едно вистинско поинакво ниво, а коментарите од присутните беа со пофалби.
„Традицијата продолжува и понатаму, среќни сме што секоја година има се поголем интерес за настанот и што веќе почнавме да размислуваме за поголем простор за да можеме да обезбедиме место за оние кои за жал сакаа, а не можеа да присуствуваат“- изјавија организаторите.
Присуството на естрадни уметници, амбасадори, луѓе од бизнис сферата како и сите оние кои оваа година беа на „Мажи на годината“ само ја потврдија ексклузивноста на настанот.
„Секоја година се трудиме да има различна забавна програма на настанот, нешто на кое ќе можат присутните да уживаат помеѓу доделувањето на наградите. Оваа година неверојатен настап имаа тенорот Влатко Груевски и пијанистот Андреј Наунов во придружба на саксофонот Пеце Христов, балетска група од МОБ, нашиот познат тенор Павле Камилоски како и актерот и водителот на настанот Жарко Димоски. Водителката Миа Костова блесна во своето единствено издание и присутните како и нас и оваа година не остави без здив“- изјавија организаторите.
Оваа година настанот „Мажи на годината“ беше поддржан од Casinos Austria International Macedonia, традиционално се случуваше во Double Tree by Hilton-Скопје, а покрај долгогодишните медиумски покровители, учество земаа и Бадел Антик Пелинковац, Фабу, Орбико, Авант кар, Candle shop, Hecho a Mano cigars, Швепс, Пивара, Пакомак, Фокабо, Тиквеш, Империал Тобако и други.
Во среда 07.12.2022 на МТВ1 во 20:15 часот гледајте Џентлмен магазин и уживајте во преносот од настанот „Мажи на годината“ за 2022.