Xiaomi 13 серијата телефони се очекува наскоро, а ќе се состои од три модели, покрај стандардните Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro, ќе има и Ultra модел.
Ultra варијантата на уредот ќе пристигне подоцна, а дојавувачот Digital Chat Station сега откри некои од главните спецификации на системот камери кај Xiaomi 13 Ultra.
Врз основа на новите информации, Xiaomi 13 Ultra ќе има систем од четири камери. Главниот 1-инчен сензор (Sony IMX989), го препознаваме од телефонот Xiaomi 12S Ultra. Нова карактеристика е дека 13 Ultra ќе може да користи стабилизација на гимбал.
Нема многу информации за преостанатите сензори, но има потврда за PDAF автофокус на сите четири сензори и сензорот dToF (Direct Time-of-Flight).
Xiaomi 13 Ultra во најголема мерка ќе го задржи куќиштето на камерата од моделот 12S Ultra.