Компанијата Interstellar Lab неодамна претстави концепт за биосфери на надувување кои изгледаат како да се дел од научно-фантастичен филм.
Но, всушност станува збор за софистицирани капсули кои овозможуваат одгледување билки на површината на Марс или на Месечината.
Извршната директорка Барбара Бевлиси истакна дека биосферите се дизајнирани да „создадат совршени климатски и атмосферски услови за живот, без разлика дали станува збор за Земјата или за вселената“.
Со капсулата ќе управува вештачка интелигенција која ќе ги исправа условите според тоа колку напредуваат билките и ќе предвидува потенцијални приноси.
Проектот се реализира во соработка со NASA, истиот е далеку од реализација, но компанијата ја унапредува опремата издржлива за патување во вселената.
Како и да е, ова е навистина амбициозен проект што би можел да се оствари.