Apple повторно го помести внатрешниот план за претставување на својот автомобил, кој не би требало да го очекуваме пред 2026 година.
Првите гласини за автомобилот на Apple кој се развива под кодното име Project Titan се појавија во 2014 година, кога дизајнерите започнаа со првите нацрти. Со текот на годините, можевме да прочитаме разни информации – од оние за дека Apple се откажал или го паузирал овој проект, потоа се говореше дека развиваат само автономна технологија, до тој степен што развиваат самовозечки автомобил кој не би имал волан, ниту педали за гас и сопирачки, туку може да биде контролиран само со компјутер.
Последните информации на Bloomberg говорат за помалку амбициозен проект, но и за тоа дека Apple повторно го одложил планираниот датум за претставување. Додека претходно се зборуваше за 2025 година, сега се зборува за 2026 година, но никој не треба да биде изненаден ако развојот дополнително се продолжи и презентацијата дополнително се одложи кон крајот на оваа деценија.
Според Bloomberg, автомобилот на Apple би требало да чини под 100.000 долари и во првичната верзија да не биде целосно автономен. Apple Car (кое е едно од потенцијалните имиња на автомобилот) би требало да има некои опции што ќе му овозможат на компјутерот да го преземе управувањето во одредени ситуации, како на пример возење по автопатишта, но генерално ќе биде направен за да се вози како и сите други автомобили денес, со волан и педали за гас и сопирачки. Кога станува збор за чипот на Apple, чипсетот за автомобилот на компанијата се очекува да биде моќен „како четири од најквалитетните Apple Mac чипови заедно“.
A major shift for the Apple Car: Apple has scaled back from a fully autonomous vehicle without a steering wheel and pedals to one that can only self drive on highways in an effort to launch by 2026 for under $100K. Many new details on the project: https://t.co/w0MePpUJyV
— Mark Gurman (@markgurman) December 6, 2022
Додека Apple сите овие години беше исклучително успешен на пазарот за потрошувачка електроника со уреди како што се iPhone, iPad, Apple Watch и други, аналитичарите од автомобилската индустрија, по првите гласини дека Тим Кук тргнува да го освои овој пазар, предупредија дека оваа индустрија има некои свои правила на кои ќе мора да се прилагоди Apple и дека пред нив стојатпоголеми предизвици во споредба со оние на кои се навикнати. Дека беа во право, можевме да видиме од фактот што Apple ги менуваше плановите неколку пати и што овој развој е оддолжен.
Исто така, да напоменеме дека компанијата има проблеми и со развојот на уште еден целосно нов уред што го подготвува – очила за проширена и виртуелна реалност, чија продажба требаше да започне на почетокот на следната година, но поради софтверски проблеми, таа ќе биде одложена за втората половина на 2023 година.