Зак од каналот JerryRigEverything со шрафцигер и други алатки во рацете одлучи да ни овозможи да ѕирнеме во внатрешноста на Lenovo Yoga Slim 7i Carbon лаптопот.
За да ги отстрани сомнежите на корисниците, произведувачот се пофалил со издржливоста на лаптопот кој во своето куќиште има комбинација од карбонски влакна и магнезиум.
Популарниот јутјубер Зак Нелсон, од каналот JerryRigEverything, одлучил да го расклопи лаптопот и да ги потврди овие наводи на компанијата Леново.
Видеото служи како своевиден водич за сервисирање на лаптопи, а ја потврдува неговата модуларна батерија, матична плоча и мат црниот систем за управување со ладењето.
Лаптопот работи на Intel Core i7 – 1260P платформа, има 13,3-инчен 2.5K 90×3 дисплеј панел кој беше отстранет без поголеми проблеми.
Конечно, материјалот од карбонски влакна е откриен зад дисплеј панелот и металната позадина. Комплетниот процес на расклопување и повторно склопување на лаптопот погледнете го приложеното видео.