Voice Access е апликација на Google која првенствено е наменета за корисници со моторни оштетувања, поради што имаат потешкотии со управување на екранот на допир и овозможува користење на Android смартфони со гласовни команди
Voice Access е многу корисна апликација за сите оние кои можеби имаат потешкотии со користење на екраните на допир и се потпира на AccessibilityService API за да им помогне на корисниците со моторни оштетувања од една страна, додека од друга страна се комбинира со Google Assistant.
Оваа апликација најчесто не е интегрирана во паметните телефони и треба да се инсталира посебно, но кога тоа ќе се направи, ќе се појави во менито за гласовен пристап што се наоѓа во поставките под ставката Accessibility (Пристапност), кое содржи и голем број други функции што го олеснуваат да го користите паметниот телефон.
Откако ќе се инсталира Voice Access, всушност е многу лесен за користење, но имајте на ум дека апликацијата поддржува само англиски, француски, италијански, германски и шпански (повеќе јазици треба да бидат поддржани во иднина, додека јазиците е потребно накнадно да се преземат).
Со други зборови, откако ќе се активира Voice Access во поставките по инсталацијата и ќе се дозволат соодветните права, можно е да се активира со гласовната команда Hey Google, Voice Access (се користи Google Assistant), но можно е да се допре нотификацијата Voice Access меѓу системските известувања или да се овозможи посебно лебдечко копче, кое секогаш ќе биде видливо на екранот.
Потоа, со изговарање едноставни команди на еден од поддржаните јазици,можно е да се управува со основната навигација (на пр. go back, go home, open Gmail), да се управува со она што моментно се прикажува на екранот (на пр. tap next, scroll down). и да се уредува и диктира текстот (type hello, replace coffee with tea). Во секој случај, може да биде корисно, а најдобро е да се започне со гласовната команда за open tutorial.
Мобилната апликација Voice Access може да се преземе бесплатно во Play Store за Android.