Заедниците се достапни во Microsoft Teams (бесплатна верзија), Teams Essentials кога сте најавени на Microsoft сметка, Microsoft 365 Personal и Microsoft 365 Family пакети
Заедниците ќе имаат пристап до функции како групен разговор, повикување и споделување фајлови/фотографии, а ќе можат да користат и споделен календар (кој вклучува интеграција на Google Calendar) за собирање, организирање и споделување идеи.
За да го направи создавањето заедници што е можно полесно, Microsoft понуди неколку шаблони за брзо креирање заедници. Можете да поканите други членови преку мејл адреса, телефонски број, QR код или со споделување на линк за групата.
Креаторите на заедницата ќе имаат можност да управуваат со поставките, да поставуваат насоки за заедницата и да ја модерираат содржината со додавање или отстранување на учесници и објави по потреба.
„На што и да треба да соработувате, заедниците во Teams ви дозволуваат да создавате различни места и да организирате групи за да се среќавате, да разговарате, да споделувате и да планирате – заедно“.
Додека заедниците на Microsoft Teams на iOS и Android ќе пристигнат веднаш, десктоп верзијата ќе ги добие во наредните недели, се вели во соопштението.
Introducing communities in Microsoft Teams (free), a new set of features designed to help groups connect, collaborate, and achieve more together. Learn how to get started: https://t.co/K2gfWWD7Kf pic.twitter.com/E3vLRzuJ6u
— Microsoft Teams (@MicrosoftTeams) December 7, 2022