Американската вселенска агенција NASA објави фотографии со висока резолуција направени од леталото Orion за време на неговото последно прелетување на Месечината.
Фотографиите се направени со значително изменета Go Pro Hero 4 камера поставена на врвот на соларните панели на капсулата Orion, додека леталото орбитира околу Месечината, а има и снимка одблиску од нејзината далечна страна.
Фотографиите направени од Orion за време на неговото прво блиско прелетување на Месечината се значително „зрнести“, веројатно затоа што се направени со оптичка навигациска камера наместо со GoPro.
Се разбира, вселенските фотографии не беа примарна цел на мисијата Artemis 1, но се важни за ПР.