Оумуамуа, првиот познат меѓуѕвезден објект што пристигна во нашиот Сончев Систем, ги фасцинираше научниците и астрономите ширум светот со својот изглед. Сега овој мистериозен објект ја помина орбитата на Плутон и е на пат да нè напушти засекогаш.
Кога Оумуамуа влезе во нашиот Сончев систем во 2017 година, астрономите 11 дена собираа податоци за овој чуден објект што ја подели научната заедница, а ширум светот одекна веста дека некои од нив не ја исклучуваат можноста дека се работи за вонземско создание. Еден од тие научници, кој е предводник на оваа идеја, е Ави Леб, професор на Универзитетот Харвард.
На прв поглед, оваа теорија изгледа малку веројатна, но Леб претстави неколку многу интересни факти.
Оумуамуа влезе во нашиот Сончев Систем од правец на ѕвездата Вега, која е оддалечена 25 светлосни години, а работите станаа многу интересни додека поминуваше покрај Сонцето. Наместо да забавува додека се оддалечува од нашата ѕвезда, како што прават другите објекти во вселената под влијание на силната гравитација, Оумуамуа всушност забрза и ги остави научниците во стравопочит.
NEWS 🚨: Unidentified Oumuamua interstellar object is just now leaving the Solar System pic.twitter.com/sT4aE0vRsl
— Latest in space (@latestinspace) December 6, 2022
Потоа, тука е и прашањето за крајно необичната композиција и форма на овој објект, тврди Леб. Многу астрономи ја споредиле неговата форма со облик на томпус, а проблемот со тоа е што шансите природно да се постигне оваа геометрија се толку мали, што „вклучи многу црвени светла“. Истиот проблем се јавува и со материјалите од кои е направен Оумуамуа. Леб тврди дека тие рефлектирале премногу светлина за да бидат парче типична вселенска карпа или мраз.
„Некои луѓе не сакаат да зборуваат за можноста таму да постојат други цивилизации. Тие веруваат дека ние сме посебни и единствени. Мислам дека тоа е предрасуда што треба да се напушти“.
Се разбира, многу научници не се согласуваат со Ави Леба, но од неговото откритие во 2017 година, Оумуамуа остана мистерија за научниците и не е постигнат значителен напредок во разбирањето на овој објект, но едно е сигурно – Оумуамуа патува исклучително брзо.
Кога овој меѓуѕвезден објект бил најблиску до Земјата, се движел со брзина од 87,3 километри во секунда. Тоа е три пати побрзо од просечниот објект во астероидниот појас, 109 пати побрзо од куршумот и само 0,017% од брзината на светлината.
И покрај неговата голема брзина, Оумуамуа дури сега, пет години подоцна, го напушта нашиот Сончев Систем. Штотуку ја помина орбитата на Плутон, поминувајќи преку 4,5 милиони километри на секои 24 часа. Сепак, ќе бидат потребни уште две години за целосно да го напушти просторот за кој се смета дека припаѓа на нашиот Сончев систем.
Додека Оумуамуа брза во меѓуѕвездениот простор, оставајќи нè засекогаш, научниците сè уште не можеа да го класифицираат. Прво се мислеше дека тоа е астероид – голема карпа од далечен ѕвезден систем – а потоа комета – парче вселенски мраз што се отцепи и тргна кон нашиот пат, но консензус никогаш не беше постигнат, а научниците беа оставени да го проучуваат мала количина на податоци што биле собрани за овој објект.долг 400 метри и се шпекулира за неговото потекло додека се оддалечува од нас.