Нов пробен сателит беше успешно лансиран во вселената од центарот за лансирање сателити Џиукван во северозападна Кина.
Според Синхуа, тест сателитот VHF Data Exchange System (VDES) бил лансиран со ракета-носач Kuizhou-11 Y2 утринава во 9:15 часот по локално време и влегол во планираната орбита.
Сателитот главно ќе се користи за комуникациско тестирање и верификација на клучните технологии VDES и Automatic Identification System (AIS). Тоа е 23-та мисија на ракетата Куаиџоу-11, објави центарот за лансирање.