Крипто-пазарот е во голем пад, некои берзи банкротираа и прашање е што ќе се случи со овој пазар во иднина
Многумина кои заработија многу пари од криптовалутите можат да кажат дека беше добро додека траеше, а што ќе донесе иднината останува да видиме. Иако сè уште има голем број на оние кои веруваат дека сегашната состојба на берзите е само привремен пад по кој ќе следува раст и веруваат дека треба да ги задржат своите токени и да ги искешираат кога цените повторно ќе пораснат, има се повеќе кои по сите случувања во последните месеци не се оптимисти.
Веќе пишувавме за тоа што банкарите мислат за криптовалутите, како и за личноста која долги години ја држеше позицијата на најбогатите во светот. Според Бил Гејтс, крипто-пазарот нема вредност и се заснова на теоријата за „поголема будала“, односно на теоријата дека секогаш постои некој што ќе плати повеќе пари за NFT или биткоин во однос на цената по која ги купил продавачот.
Слично размислува и Џо Лонсдејл, познат инвеститор и ко-основач на софтверската компанија Palantir. Тој верува дека повеќето компании базирани на крипто ќе пропаднат во стилот на Понзиевата шемата, бидејќи повеќето крипто-токени и други делови од екосистемот „ионака немаат смисол“
Тој предупреди дека во изминатите неколку години, проектите базирани на крипто не се засноваат на вредноста што ја создаваат за економијата, туку само на бројките што луѓето се подготвени да ги платат за нив. Како што растеше цената на криптовалутите, луѓето се повеќе инвестираа во нив, надевајќи се на брз профит, но кога дојде до пад на пазарот, многумина изгубија многу пари. „Тоа може да се очекува во секоја ситуација во која нема регулација“, коментира Лонсдејл.
Иако FTX е најпознатиот случај на крипто-компанија која поднесе барање за стечај, по слилен пат тргаа и другите компании како што се BlockFi, Celsius Network и Voyager Digital.
Колапсот на берзата на криптовалути и гореспоменатите банкроти не значат крај за крипто-базираните технологии, објасни Лонсдејл во едно неодамнешно интервју. Смета дека ваквите технологии базирани на блокчејн ќе продолжат да се развиваат и ќе добијат нови можности, а посебно ја истака важноста на децентрализацијата што ја нудат криптовалутите. Тоа се покажа важно за луѓето кои токму на тој начин можеа да ги извлечат своите пари од Русија, Венецуела и Чиле, но исто така ја нагласи и важноста што крипто-пазарот ја има во општата децентрализација на финансискиот систем.
Што се однесува до иднината, блокчејнот би можел да игра важна улога во неа, а Лонсдејл верува дека ќе се појават работи кои ќе бидат корисни за светот, но тоа не важи за она што го имаме денес на пазарот, заклучува овој познат инвеститор.