TikTok се покажа како опасен конкурент на Instagram, Youtube и другите социјални мрежи и видеосервиси, но и на Amazon.
Колкави се популарноста и влијанието на TikTok можеме да видиме по бројот на компании кои се обидуваат да ја имитираат оваа социјална мрежа, односно видеосервис. Свои кратки видео-записи претставија и YouTube и Instagram, додека Instagram дури и се обиде да ја смени целата апликација за да биде повеќе како кинеската платформа, што на корисниците не им се допадна.
Но, освен што TikTok презема корисници од Facebook, Instagram и Youtube и други слични мрежи, изгледа дека оваа мрежа го загрозила и – Amazon. Имено, бидејќи брендовите можат директно да се рекламираат на TikTok и преку таа мрежа на корисниците да им ги нудат своите производи и услуги, тие помалку купуваат преку Amazon.
Американската компанија тоа сака да го промени, па го претстави Inspire, нов feed во рамките на својата мобилна апликација за купување кој на корисниците ќе им пружи ново искуство за он-лајн шопинг. На тој дел ќе се прикажуваат кратки видео-записи, но и фотографии од производите, како и идеи за шопинг и други содржини од брендовите. Секако, корисниците директно од тој дел на мобилната апликација на Amazon ќе можат да купуваат и производи.
За да им се прикажува содржина која ќе им биде интересна, корисниците при првото активирање на Inspire ќе треба да ги одберат своите интереси, а приказот на содржините подоцна и дополнително ќе се прилагодува кон интересите на корисниците.
Amazon уште на почетокот на оваа година почнал со тестирање на нови опции.