Поголем број даватели на услуги немаат никакви политики или контроли за приватност за да ги заштитат личните информации на сопственикот на уредот од „нушкање“ на техничарот
Истражувачите од Универзитетот Гелф во Онтарио, Канада испитувале лаптопи поправени во локалните продавници. Податоците покажале дека техничари од шест локации пристапиле до личните податоци и дека две продавници исто така копирале податоци.
„Ако сте го дале вашиот уред на компанија за поправка и сте ѝ дале пристап со вашиот безбедносен PIN, можат да пристапат до се што не е дополнително ограничено на вашиот уред и да направат копии од податоците“, изјави експертот за сајбер безбедност, Џош Смит за Lifewire.
Истражувањето покажало дека и покрај загриженоста за личните податоци, корисниците ги испраќале своите уреди на услугата затоа што самите сакале да го вратат пристапот до нивните податоци, кој бил блокиран од неисправен уред.
Авторите на студијата ги повикуваат производителите на уреди, развивачите на оперативни системи, давателите на услуги за поправка и регулаторните органи да преземат соодветни мерки за заштита на приватноста на клиентите.
Исто така, наведуваат дека податоците може да се заштитат со користење на услуги како што се iCloud, Google Drive, Microsoft OneDrive и други услуги во облак за кои е потребно дополнително најавување во форма на лозинка или отпечаток од прст. На овој начин, податоците може да останат заштитени додека уредот се сервисира, а сопственикот може да пристапи до нив од кој било друг уред без страв од неовластен пристап.


