Интервју со професор д-р Љупчо Пејов од Институтот за хемија при ПМФ
Пред извесно време беше презентиран мултидисциплинирниот проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку наука и истражување“ спроведен од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науки и уметности. Професор Д-р Љупчо Пејов од Институтот за хемија при ПМФ ги презентираше современите сознанија поврзани со физичко-хемиските процеси кои се одвиваат при согорување како и при контролирано загревање на тутунот, релациите помеѓу хемијата на тутунот и никотинот и квалитетот на воздухот во затворени простории во кои се консумираат производи со тутун.
Која беше вашата улога во мултидисциплинирниот проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку наука и истражување“ спроведен од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ?
Мојата улога во проектот беше изучување на физичко-хемиските процеси кои се одвиваат при согорувањето на тутунот кај конвенционалните цигари, како и на соодветните алтернативни трансформации кај иновативните продукти кои вклучуваат контролирано загревање на тутунот. Покрај тоа, имав задача и да направам еден преглед на досега достапната научналитература, која што се занимавала со изучување на хемискиот состав на чадот од конвенционалните цигари и на аеросолот генериран од уредите со контролирано загревање натутунот.
Што се случува кога тутунот во цигарите согорува, а што кога тој се загрева, каков што е случајот кај алтернативните тутунски производи?
Тутунот е комплексен материјал. Во неговиот состав влегуваат голем број конституенти, од коишто голем дел се од природно потекло, меѓутоа значаен дел произлегуваат од неговиотпретходен технолошки третман, а дел се додаваат како адитиви. Кога ваков комплексен материјалќе се подложи на самоодржувачка реакција на оксидација, на висока температура (кајконвенционалните цигари се работи за согорување при температура од над 600 степеницелзиусови), особено во отсуство на доволен вишок на кислород, се генерираат околу 7.000супстанци. Значаен дел од овие супстанци се генерираат во форма на многу ситни цврстичестички, чии димензии се во рангот на микро и нанометри и мошне ситни капки, повторно ворангот на микро и нано димензии. На таков начин се генерира чадот од цигарите, кој што е еденкомплексен мултифазен систем кој што обично во научен контекст се нарекува аеросол. Чадот од цигарите претставува аеросол, и е доста штетен затоа што значаен дел од овие 7.000 конституенти се со потврдено или со потенцијалнотоксично дејство. Најмалку шеесетина од нив, пак, имаат канцерогено дејство, кое што е клиничкипотврдено.Но,не секој аеросол претставува чад.
Што покажуваат научните истражувања во поглед на аеросолот кој се ослободува кај иновативните тутунски производи?
Аеросолот што се генерира при контролирано загревање на тутунот содржи околу 530 конституенти, додека во чадот генериран од цигарите има дури над 7.000 конституенти. Притоа, според резултатите од досегашните научни истражувања, сите 530 конституенти на аеросолот добиен при контролирано загревање на тутунот се истовремено конституенти и на чадот генериран од конвенционалните цигари. Ова укажува на една важна карактеристика на процесите кои се одвиваат во алтернативните уреди – имено, тие генерираат аеросол што не содржи алтернативна палета на потенцијално штетни конституенти, туку подмножество на множеството конституенти кои се генерирани и кај чадот од конвенционалните цигари.Концентрациите на потенцијално штетни конституенти се во најголем број намалени за дури 90 проценти во споредба со нивната концентрација кај чадот од цигарите.
Како аеросолот што настанува при користење на уредите за загревање на тутунот влијае врз квалитетот на воздухот во затворени простории?
Концентрациите на слободни радикали присутни во аеросолот генериран од електронските цигари и уредите за контролирано загревање на тутунот се минимални и драстично помали во однос на концентрациите на слободни радикали генерирани од конвенционалните цигари. Од ова, како и од комплементарните досегашни современи научни сознанија во оваа област, може да се заклучи дека употребата на алтернативните уреди со контролирано загревање на тутунот е значително побезбедна (во некои студии се тврди дека е таа практично и сосема безбедна) во затворени простории и дека овие уреди практично не го загадуваат воздухот во овие простори.