Ракетата Аријана денеска треба да лансира нов европски метеоролошки сателит, јави BBC.
Планот е сателитот Метеосат-12 да го надгледува европскиот континент, Блискиот Исток и Африка, како дел од новиот систем за набљудување вреден повеќе милијарди евра.
Се работи за веројатно најважното европско вселенско лансирање оваа година, кое ќе ја замени технологијата стара повеќе од 20 години.
Генералниот директор на Eumetsat, меѓувладината организација која управува со европските метеоролошки сателити, Фил Еванс ја нагласи важноста на точните податоци од вселената за попрецизни прогнози и предупредувања со цел ублажување на последиците од временските катастрофи.