Новиот iOS 16 продолжува да го проширува својот удел, а предусловите за тоа се зголемената продажба на моделите од серијата iPhone 14. Наспроти ова, голем дел од компатибилните паметни телефони на Apple се исто така веќе ажурирани на најновата верзија на оперативниот систем.
Податоците на Mixpanel покажуваат дека актуелната верзија на мобилната платформа на Apple е инсаталирана веќе на 68,95% од сите активни iPhone уреди. Како што се очекуваше, ова го става многу пред актуелната верзија на Android 13. Податоците се базираат на апликациите од платформата Mixpanel.
За жал, Apple допрва треба да обезбеди официјални податоци за нивото на распространетост на iOS 16. Информациите на Mixpanel исто така укажуваат дека 24,78% од уредите работат на iOS 15, а 6,27% користат постари верзии.
Наспроти ова, сè уште нема информации за уделот на Android 13 во смартфоните со платформата на Google. Заклучно со август, 13,3% користеле Android 12, а 27%, Android 11.