Откако Xiaomi ја претстави новата генерација на својата флегшип серија смартфони Xiaomi 13, вчера компанијата објави и кога ќе се случи меѓународната премиера на Redmi Note 12 линијата.
Презентацијата ќе се одржи на 5. јануари, а до тој датум нема уште многу време. Инаку, потсетуваме дека уредите веќе беа најавени во Кина на крајот на октомври. Серијата ги вклучува Redmi Note 12, 12 Pro, 12 Pro+ и 12 Discovery Edition.
Greatest ever 𝙧𝙚𝙨𝙤𝙡𝙪𝙩𝙞𝙤𝙣 on a smartphone camera = #RedmiNote12 Pro+ 5G! 🎉
This 𝟐𝟎𝟎𝐌𝐏 camera on the #SuperNote is the only camera you'll ever need. 😉
P.S. Your 𝟏𝟐:𝟏𝟐 wish is about to come true on 05.01.2023!🤩
Stay tuned: https://t.co/bSN7VljgxA pic.twitter.com/u6wN6jN8M9
— Redmi India (@RedmiIndia) December 12, 2022
Настанот ќе се одржи во Индија, а на официјалната фотографија не стои дека ќе биде претставена целата Redmi Note 12 серија, туку дека се работи само за Redmi Note 12 Pro+ телефонот. Меѓутоа, за очекување е да биде презентиран и Redmi Note 12 Pro.
Redmi Note 12 Pro+ е првиот Redmi модел со сензор од 200MP, а во овој случај се работи за Samsung ISCOELL HPX. Со него е можно стандардно да се прават фотографии од 12,5 MP, но и во резолуција од 50MP и 200MP.
Redmi Note 12 Pro и Pro+ ги имаат истите батерии од 5000 mAh, Pro има поддршка за брзо полнење од 67W, додека Pro+ за 120W. Двата смартфона имаат OLED екрани со резолуција FHD+ со стапка на освежување од 120 Hz. Под хаубата, и двата ги покренува неодамна претставениот чип Dimensity 1080.
Претставени Xiaomi 13 и 13 Pro со новиот Snapdragon 8 Gen 2 чип и подобрени Leica камери