Twitter повторно ќе ја покрене ажурираната верзија на својот претплатен сервис Twitter Blue, а цената ќе биде нешто повисока за корисниците на Apple, објави американската компанија.
Новата верзија ќе им овозможи на корисниците да уредуваат твитови, да поставуваат видеа од 1080p (full HD) и да добијат сина ознака дека сметката е потврдена, објави Ројтерс.
Twitter не објасни зошто на корисниците на Apple им се наплаќа повисока цена од другите, но медиумите објавија дека американската компанија бара начини да ја надомести провизијата што се наплаќа во Apple Store.