Ерата на диносаурусите завршила со катаклизма еден пролетен ден пред 66 милиони години, кога астероид широк 12 километри удрил кај полуостровот Јукатан во Мексико, предизвикувајќи истребување на тие извонредни ѕверови и на околу три четвртини од видовите на Земјата, се наведува во студијата објавена во списанието Science Advances.
Меѓутоа, дали диносаурусите со забавувањето на диверзификацијата и стапката на еволуцијата веќе биле „на заминување“, како што сметаат некои научници? Одговорот е дефинитивно „не“, според споменатата нова студија која изработила модели на синџирите на хранењето и еколошките живеалишта во Северна Америка, делот од светот каде што има најдобри фосилни „записи“ од тој период.
Научниците разгледувале период кој опфаќа 18 милиони години пред ударот на астероидот кој го завршил периодот креда и четирите милиони години потоа на почетокот на палеогенот, кога цицачите ја потврдиле својата доминација по изумирањето на диносаурусите, освен нивната птичја лоза.
Врз основа на повеќе од 1.600 фосили научниците го реконструирале веригите на прехранување и живеалиштата кои ги преферирале копнените и слатководните ‘рбетници. Меѓу нив биле примероците како гигантските месојадци ти-рексот, трицерапторсот со три рогови, анкилосаурусот, крокодили, желки, жаби, риби и разни мали цицачи коишто живееле под нозете на диносаурусите.
Диносаурусите живееле во стабилни еколошки ниши за кои биле добро прилагодени, откриваат научниците.
„Со други зборови, диносаурусите се уништени кога биле на својот врв. Цицачите тогаш почнале да ги поставуваат темелите на својот подоцнежен подем, диверзифицирајќи ги своите еколошки ниши и развивајќи ја поразновидната прехрана , однесува и толеранција на климата “, вели екологот Хорхе Гарсија-Гирон од Универзитетот Оулу во Финска и Универзитетот Леон во Шпанија, водечкиот автор на споменатото истражување.
Диносаурусите продолжиле да се развиваат и прилагодуваат во текот на самракот на своето владеење со Земјата, со појавата на новите видови и исчезнувањето на старите, покажало истражувањето.
Некои од големите тревојади како рогатите и патчестите диносауруси се заменети со поголемиот број тревојади со средна големина. Одредени претходни истражувања сугерираат дека биоразличноста на диносаурусите се намалила значително пред ударот на астероид, врз основа на фосилните записи на разните семејства диносауруси.
„Постоеше таа загрижувачка помисла дека диносаурусите и онака биле на заминување, имајќи ја предвид долгата надолна линија, кога астероидот ги решил од нивните јадови. Сега можеме со сигурност да кажеме: диносаурусите биле во сила, со стабилен екосистем, сѐ додека астероидот ненадејно не ги убил“, вели палеонтологот и коавтор на студијата Стив Брусате од Универзитетот во Единбург.
Фактот што диносаурусите биле толку добро прилагодени на својата клима и околината можеби го убил.
„Кога астероидот удри, настанал хаос и диносаурусите не можеле да се носат со ненадејната промен на светот на кој многу свикнале“, вели Брусате.
„Нашата студија сугерира дека веројатно меѓусебното делување на другите еколошки причинители, вклучително и големината на телата, исхраната, однесувањето и пластичноста на екосистемот, ги подготвило одредени помали животни за подобро преживување по ударот на астероидот“, смета палеонтологот и коавтор на студијата Алфио Алесандро Кјаренца од Универзитетот во шпански Виго.
Во редот на цицачите пред ударот на астероидот биле сега изумрената група слична на глодарите наречена мултитуберкулати, како и далечните роднини на сегашните торбари и денешните виши цицачи плаценталии.
По масовното изумирање се појавиле нови цицачи, вклучително и многу вистински плаценталии, групата којашто раѓа добро развиени младенчиња, а која ги опфаќа повеќето денешни цицачи од китовите до лилјаците и од африканскиот мравојад до човекот.
Притоа, големината на телата на поста-апокалиптичните цицачи брзо растела, како и еколошката разноличност.
„Цицачите и диносаурусите имаат иста приказна за потеклото: двете постанале и почнале да се диверизфикуваат уште во периодот на тријасот, пред околу 230 милиони години, на суперконтинентот Пангеа. Од таму заминале по своите патишта, диносаурусите станувале поголеми а цицачите кон помалите големини во нивната сенка. Но нивните судбините засекогаш се испреплетени. Цицачите биле таму кога удрил астероидот . Успеале да преживеат. Сме имале предци кои се ѕвереле во астероидот“, наведува Брусате.