NASA и руската вселенска агенција ја откажаа синоќешната вселенска прошетка на двајца руски космонаути токму кога требаше да ја напуштат Меѓународната вселенска станица.
Имено, техничарите утврдиле дека леталото Сојуз, кое е прикачено на ISS, испушта течност за ладење од необјаснива причина. Контролорите на летот го забележале протокот на замрзнати честички во 1:45 часот и решиле да ја откажат мисијата.
„Ја откажавме вечерашната вселенска прошетка поради истекување на течноста за ладење од Сојуз МС-22. Видовме видлива пареа од замрзнати честички кои доаѓаат од задниот дел на Сојузот, што укажува на истекување“, се вели во соопштението на вселенскиот центар Џонсон на NASA во Хјустон.
Ракетниот засилувач Сојуз-2.1а кој го носи вселенското летало Сојуз МС-22 е лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан. Русите и Американците продолжуваат заеднички да ги користат овие летала и покрај нетрпеливоста меѓу земјите поради руската инвазија на Украина.
Инцидентот се случил непосредно пред двајцата космонаути, Сергеј Прокопјев и Димитри Петелин, да се подготват за планираната вселенска прошетка за време на која имале намера да преместат уред од еден модул во друг на рускиот сегмент на ISS. Имено, космонаутите ги облекле скафандерите и работеле на други подготовки кога истекувањето било снимено на видео во живо.
Tonight's spacewalk with two cosmonauts has been cancelled as mission controllers evaluate an observed leak on the Soyuz MS-22 crew ship. More… https://t.co/RhlT1kPS7L pic.twitter.com/MyiKMDCGeA
— International Space Station (@Space_Station) December 15, 2022
NASA објави дека Прокопиев и Петелин не биле во животна опасност, ниту останатите астронаути на вселенската станица. Ова е втор пат руските космонаути да мораат да откажат вселенска прошетка. Кога планирале да го преместат уредот на друг модул на 25 ноември, настанал проблем со пумпите за течноста за ладење во вселенските одела.
Руската вселенска агенција и NASA планираат да ја истражат причината за истекувањето на течноста за ладење. НАСА изјави дека сè уште не е познато како овој инцидент може да влијае на функционалноста на вселенското летало и дали некако ќе претставува проблем за враќањето на екипажот на Земјата на крајот од нивната мисија.
Во моментов на Меѓународната вселенска станица има седум членови на екипажот: тројца руски космонаути и тројца американски и еден јапонски астронаут.