Група инженери од Технолошкиот институт во Масачусетс смислиле решение за производство на електрична енергија во изолирани средини.
Станува збор за соларни панели кои се толку тенки, што може да претворат каква било површина во генератор. Овие соларни панели се потенки од човечко влакно и може да се залепат на посилен материјал.
Примената на овие соларни панели е широка. Тие може да се постават на бродови за да произведуваат електрична енергија на море, на шатори при кампување, на дронови или да се користат во операции за спасување при несреќи.
Тенките соларни панели се направени од полуспроводливо мастило, а произведуваат 18 пати повеќе електрична енергија по килограм во однос на обичните соларни панели.
Меѓутоа, тие треба да бидат ставени во уред кој ќе ги заштитува од околината, како стаклен сад.