Избрани корисници на TikTok со пристап до функцијата за тестирање ќе видат ново копче за „цел екран“ што се појавува на видеата во нивниот извор
Функцијата за тестирање доаѓа во момент кога податоците покажаа дека децата и тинејџерите поминуваат повеќе време гледајќи TikTok отколку YouTube, пренесува TechCrunch.
Откако неодамна овозможи видео содржини со долг формат, TikTok одлучи да го подобри искуството за гледање за корисниците кои гледаат вакви видеа.
Досега, креаторите често додаваа порака „сврти телефонот“ на почетокот на видеото за корисниците целосно да уживаат во содржината што ќе се репродуцира. Со оваа функција, повеќе нема да има потреба од вметнување такви упатства.
Со оглед на тоа што TikTok првенствено ја стекна својата популарност со својот вертикален формат на видео, останува да се види колку добро на корисниците ќе им се допадне новиот режим на прикажување, доколку функцијата некогаш стане јавно достапна.
why can i fullscreen a tiktok☠️☠️ pic.twitter.com/ucUgRpBi3m
— resie📚 (@NANAMIBRAINR0T) December 14, 2022