Профилот наречен ElonJet го водел 20-годишниот студент Џек Свини, кој користел јавно достапни информации за следење на летот за да создаде профил на Твитер кој известувал секој пат кога Масковиот Gulfstream полетувал или слетувал на аеродром.
Суспензијата доаѓа и покрај најавата на Маск минатиот месец. „Мојата посветеност на слободата на говорот дури се протега и на тоа да не забранам профил што ги следи моите летови, иако тоа е директен ризик за личната безбедност“, напиша Маск тогаш на својот Twitter профил. Сè уште не е јасно што точно довело до суспензија на профилот, но Свини потврди дека е суспендиран. Facebook профилот на Свини е сè уште активен.
Тој сподели порака што ја добил од Twitter во која пишува: „По внимателно разгледување, утврдивме дека вашата сметка ги прекршува правилата на Twitter. Вашата сметка е трајно суспендирана“. Последната објава на профилот покажала дека авионот на Маск полетал од Оукленд, Калифорнија во понеделникот и слетал во Лос Анџелес 48 минути подоцна, пренесува CNN.
Профилот собрал повеќе од 500 илјади следбеници на Твитер и бил голема непријатност за Маск. Пред Маск да го купи Twitter, извршниот директор на Tesla а му понудил на Свини 5.000 долари за да ги спречи „лудите“ да ги следат неговите летови. Свини возврати барајќи 50.000 долари, велејќи дека може да ги искористи парите за колеџ, а можеби и за Tesla Model 3.