Оваа недела, Google официјално ја воведе поддршката за новиот универзален стандард за паметни домови, Matter, на уредите со Android и Google Nest. Новата платформа официјално дебитираше релативно неодамна и првите ефекти од тоа се веќе видливи.
Покрај Nest производите, Matter ќе биде поддржан и од Google Home и Google Home Mini. Овие уреди ќе функционираат како мост за други уреди.
Паметните телефони со Android, исто така, ќе поддржуваат Matter уреди, вклучително и Fast Pair. Google ќе додаде и поддршка за Matter на iOS верзијата на апликацијата Google Home, што се очекува да се случи на почетокот на следната година.
Matter користи Wi-Fi и Thread протокол за да комуницира со паметните уреди, кои самите стануваат точка во една сеопфатна Mesh мрежа.