По многу гласини, најновиот флегшип смартфон на Motorola сега е реалност. Станува збор за Moto X40 моделот, кој има импресивни спецификации и кој дебитираше во Кина. Уредот се базира на 10-битен OLED екран со дијагонала од 6,7 инчи, резолуција Full HD+, брзина на освежување од 165 Hz и читање на допир до 240 Hz.
Смартфонот го користи актуелниот премиум мобилен чипсет Snapdragon 8 Gen 2, а за ладење има систем со обемна комора за испарување. Достапни се 8/12 GB LPDDR5X RAM и 128/256/512 GB UFS 4.0 простор за складирање. Батеријата има капацитет од 4600 mAh и жично полнење до 125 вати. Достапно е и скромно безжично полнење од само 15 вати.
Главната камера се одликува со сензор од 1/1,56-инчи со резолуција од 50 MP и големина на пиксели од 1 микрон, како и оптичка стабилизација. Вклучен е и друг 50 MP ултраширокоаголен објектив за макро снимки, како и сензор од 12 MP за 2X оптички зум. За селфи фотографии, поседува сензор од 60 MP поставен во отвор во екранот.
Во однос на софтверот, тој е базиран на Android 13 со My UI 5.0 интерфејст, а уредот има и IP68 сертификат. Дизајнот вклучува алуминиумска рамка и задна страна со стаклена обвивка и Gorilla Glass Victus заштита.
Испораките на Moto X40 во Кина започнуваат на 22 декември. Цените започнуваат од 460 евра за основната конфигурација на меморијата. Моделот би требало да се појави и на глобалниот пазар на почетокот на следната година.