Realme претстави уште еден паметен телефон во рамките на Realme 10 серијата, а се работи за Realme 10s. Овој модел се базира на LCD екран со дијагонала од 6,6 инчи, Full HD+ резолуција и брзина на освежување до 90 херци.
Уредот се потпира на Dimensity 810 чипсет со 8 GB RAM и до 256 GB простор за складирање што може да се прошири. Батеријата има капацитет од 5000 mAh и се полни со моќност до 33 вати.
Уредот има двојна примарна камера со сензор од 50MP и 2MP за бока ефекти. За селфи фотографии се користи сензор од 80 мегапиксели. Другите спецификации вклучуваат звук со висока резолуција, Android 12 со Realme UI 3.0 интерфејс и читач за отпечатоци сместен од страната на куќиштето.
Телефонот е достапен во сина и црна боја. Неговата цена во Кина е 150 евра или 175 евра во зависност од конфигурацијата на меморијата. Останува да видиме дали ќе се појави и во другите региони.