Новите информации сугерираат дека Sony продолжува да работи на голем ремонт на конзолата од сегашната генерација, PlayStation 5. Компанијата планира да дистрибуира тест комплети со модуларна верзија на моделот.
Оваа модификација во иднина може да ги замени актуелните понуди на стандардните PS5 и PS5 Digital Edition. Новиот развој ќе има отстранлив диск, што претставува чекор кон освежување на конзолата во средина на нејзиното постоење, пред PlayStation 6, кој се очекува во 2026 година.
Small update on the PlayStation 5 that has a detachable disc drive – I've heard from two people now that the test kit is in people's hands and it "works flawlessly". We should hear more about it officially soon.https://t.co/2rzlDrjYAb
— Tom Henderson (@_Tom_Henderson_) December 12, 2022
Тест комплетите работат без никакви проблеми, а најверојатно кога ќе се појави конечната верзија, сегашните верзии ќе бидат укинати. На тој начин, Sony ќе ги намали трошоците за производство, а останува да се види дали надворешниот диск ќе биде компатибилен со актуелниот модел Digital Edition.
Очекуваме наскоро да се појават официјални информации за идната надградба на конзолата.