Apple работи напорно на подобрување на заштитата на своите оперативни системи. Компанијата дури и успеа значително да го одложи појавувањето на решението за jailbreak за iOS 15, но тоа веќе постои.
Тимот на palera1n објави алатка со која може да го отклучи не само iOS 15, туку и iOS 16. На тој начин, се отстрануваат ограничувањата наметнати од Apple за модификација на системските фајлови, што ги отклучува можностите за промена на поставките, но и за инсталирање надворешни апликации без App Store.
palera1n has been updated with iOS 16 support for A11 devices and lower!
On iOS 16, the device must have never had a passcode set since restoring (only on A10+, A9 is not affected), and dev mode must be enabled.
— palera1n (@palera1n) December 12, 2022
Решението на palera1n се заснова на експлоитот checkm8, што беше откриен во 2019 година. Тој е означен како незакрпен бидејќи е скриен во голем број чипови на Apple до A11 Bionic.
Според хакерите, решението за jailbreak работи со верзии на оперативниот систем од iOS 15.0 до iOS 16.2. Mоделите на кои може да се користи со iOS 16 се следни: iPhone 8, 8 Plus, iPhone X, iPad 5, iPad 6, iPad 7 и iPad Pro (прва и втора генерација).
Тимот предупредува дека алатката е сè уште во експериментална фаза и е наменета за програмери. Процесот за негово користење е доста комплексен и бара Linux или Mac компјутер.