Што има Samsung, а го нема Apple? Преклопни смартфони. За тоа е свесна и јужнокорејската компанија, која со своите реклами не престанува да го задева технолошкиот гигант од Купертино и корисниците на iPhone.
Не е тајна дека Samsung се гордее со своите паметни телефони на преклопување, кои според нивните податоци се продаваат се подобро и подобро. Познато е и дека тие често се „препираат“ со Apple, па затоа рекламите со кои ја задеваат компанијата од Купертино не се невообичаени.
Овој пат, Samsung China го задева Apple за недостатокот на смартфони на преклоп, а тоа е соодветно во контекст на Светското првенство во Катар. Рекламата во која Galaxy Z Flip 4 „навива“ со превиткување, а iPhone 14 „плаче“ од тага, се емитува во неколку азиски земји, а повремено се појавува и на TikTok.
„Време е да се собереме“, пишува во рекламата кој набрзо стана хит на социјалните мрежи.
Samsung повторно го задева Apple, овој пат во духот на Мундијалот (ВИДЕО)
Да потсетиме дека на почетокот на ноември Samsung US објави реклама со наслов „On the Fence“, во која главен протагонист е корисник на уредите на Apple. Имено, тој се качува на оградата за да ја види другата страна, односно страната на Samsung на која има флексибилни уреди со екрани на преклопување. Останатите „корисници на iPhone“ го убедуваат да се симне, но овој воодушевен од новиот Flip не сака.