Една од најголемите бесплатни услуги за е-пошта ќе им овозможи на своите корисници побезбедно да се допишуваат. За почеток, деловните сметки ќе добијат енкрипциска заштита
Електронската пошта се заснова на многу стари стандарди и протоколи и како таква е инхерентно небезбедна. Популарните провајдери на услуги не нудат нејзина енкрипција „стандардно“, поштата се испраќа од сервер до сервер во јасен текст или е заштитена со STARTTLS енкрипција (а потоа се складира во обичен текст), но целосното шифрирање од крај до крај е сè уште релативно ретко. Затоа, електронската пошта денес не се смета за многу безбеден начин на комуникација, но Google најавува дека ќе направи голем чекор во оваа насока.
Само за Google Workspace
Нивниот Gmail, кој има речиси dve милијарди корисници, добива поддршка за целосно end-to-end енкрипција, имплементирана на страната на клиентот. Во моментов, оваа опција е во бета верзија и е достапна само за корисниците кои се дел од пакетот Google Workspace (односно, деловните и образовните корисници, оние кои плаќаат за овие услуги). Од Google велат дека шифрирањето ќе се применува на e-mail пораките во самиот прелистувач, пред податоците да стигнат до нивните сервери, па нема да можат да ги „видат“ енкриоциуските клучевите кои ги штитат податоците.
Оваа безбедносна опција се нарекува client-side encryption (CSE), а корисниците кои сакаат да ја користат, засега ќе треба да ја вклучат рачно во поставките. Пред тоа, ќе треба да се регистрирате за да го користите во бета верзијата на следниот линк. Засега се поддржани само пакетите Enterprise Plus, Education Plus и Education Standard.
Потоа ќе се примени шифрирањето на сите нивни мејлови, испратени внатре или надвор од организацијата, но со предуслов и испраќачот и примачот да ја имаат активирано истата способност (CSE). Ова имплицира дека примачот и испраќачот мора да бидат на серверите на Google.