Компанијата Nothing на Карл Пеи веќе објави два модели на слушалки и паметен телефон. Неодамна дознавме дека не се очекува нов телефон во блиска иднина, а фокусот е ставен на подобрување на сегашниот модел со нови софтверски функции.
Сега, новите податоци сугерираат дека, сепак, може да видиме нов подбренд, Particles by XO, споменат во системскиот софтвер на компанијата. Достапни се и неколку фотографии од наводните слушалки со кои ќе дебитира брендот.
Можно е името на слушалките да е Particles, а брендот да се вика XO. Инаку, моделот има прилично неконвенционален дизајн и кодно име B154. Слушалките изгледаат како две топчиња закачени едно за друго. Тие може да поддржуваат технологија за активно поништување шум и LHDC.
К