Целта на ова партнерство е да им овозможи на корисниците да ги изберат нивните PayPal сметки како опција за плаќање за купување на втората најпопуларна криптовалута, Ethereum (ETH) од апликацијата MetaMask.
Со оваа соработка, MetaMask се надева дека ќе привлече повеќе корисници на кои сега би требало да им биде уште полесно и поудобно да купуваат криптовалути директно од апликацијата MetaMask.
Ова не е прв налет на PayPal во светот на криптовалутите, бидејќи во 2020 година им дадоа на корисниците можност за купување, држење и продавање криптовалути на својата платформа, а во 2021 година ја додадоа функција „Checkout with Crypto“ која ги поддржува Bitcoin, Litecoin, Ethereum и Bitcoin Cash.
PayPal, исто така, ќе генерира одреден приход со наплата на надомест за тргување со криптовалути, додека MetaMask ќе земе провизија од 1 процент.
Our US users will now be able to fund their wallet with ETH via @PayPal! 🦊
Rolling out in the next weeks in the US, excl. Hawaii, through our mobile app (make sure to update to v5.13.0)🧵👇https://t.co/392JwFYF3m
— MetaMask 🦊💙 (@MetaMask) December 14, 2022
Во моментов, само избрани корисници од САД можат да пристапат до оваа опција, додека PayPal работи на воведување на услугата за сите свои корисници во САД, која се планира да биде довршена во текот на следните неколку недели. Дали функцијата ќе стане достапна надвор од САД останува да видиме.
„Оваа интеграција со PayPal ќе им овозможи на нашите корисници во САД не само беспрекорно да купуваат криптовалути преку MetaMask, туку и едноставно истражување на Web3 екосистемот“, рече менаџерот за производи на ConsenSys, Лоренцо Сантос во соопштението за јавноста.