Кинеската компанија OnePlus потврди дека нејзиниот следен флегшип паметен телефон OnePlus 11 5G ќе биде лансиран во февруари. Настанот ќе се одржи на 7. февруари во Њу Делхи, Индија, а ќе ги видиме и слушалките OnePlus Buds 2 Pro, како и други неименувани производи.
Компанијата откри дека OnePlus 11 5G сепак ќе вклучува камера со технологија Hasselblad, а исто така ќе го има и познатиот Alert Slider. Според OnePlus, уредот ќе обезбеди уште побрзо и пофлуидно искуство. Што се однесува до OnePlus Buds Pro 2, очекуваме слушалките да понудат уште подобар звук.
Веќе знаеме дека OnePlus 11 5G ќе користи чипсет Snapdragon 8 Gen 2 и ќе има главна камера со нов кружен дизајн, што го потврдува и фотографијата објавена од компанијата. Тоа ќе биде и првиот OnePlus уред со четири големи надградби на Android и 5 години безбедносни поправки.