Како што се приближува презентацијата на Galaxy S23 серијата, така секој ден дознаваме се повеќе информации за претстојните уреди. Најновите информации се однесуваат на најмоќниот модел од новата серија – Samsung Galaxy S23 Ultra. Уште од првиот Ultra модел, Galaxy S20 Ultra, секој уред има селфи камера од 40 MP. Сепак, работите конечно би можеле да се сменат следната година.
Како што информираат од Galaxy Club, Samsung Galaxy S23 Ultra ќе добие нов сензор со помала резолуција. Всушност, според информациите, сите три телефони од претстојната Galaxy S23 серија ќе имаат ист камера сензор, со резолуција од 12 MP. S22 и S22+ имаат селфи камера од 10 MP, па на почетокот изгледа дека овие два телефони ќе добијат надградба, додека моделот Ultra ќе добие помалку мегапиксели. Но, бидејќи знаеме дека бројот на мегапиксели не игра голема улога во квалитетот на фотографијата, тоа нема да биде случај.
Неодамна, популарниот дојавувач Ice Universe сподели некои детали за камерите од Galaxy S23 серијата. Тој наведува дека Galaxy S23 моделите ќе донесат 25% подобрување во перформансите на камерата и дека камерите ќе имаат подобрени можности за снимање видео. Galaxy S23, S23+ и S22 Ultra, наводно, ќе поддржуваат снимање на 8K видео со 30 fps, што ќе биде 25% подобрување во однос на 8K со 24 fps поддржано од тековната серија Galaxy S22. Способноста да се снима видео 8K со поголема брзина на слики, најверојатно ќе го намали заматувањето на движењето и „сецкањето“ што е вообичаено кај видеата со 24 fps.
Galaxy S23 серијата треба да биде лансирана во втората половина на вториот месец од следната година.