Во истражување кое за цел имаше да ги анализира стеблата со помош на 3D скенирање, е откриено дека британските шуми апсорбираат двојно повеќе јаглерод отколку што претходно се проценуваше.
Во текот на истражувањето се користени ласери за мапирање на скоро илјада стебла во шума во Оксфордшир, а откриено е дека израснатите стебла имаат клучна улога во борбата против климатските промени.
Прецизните пресметки за количината на апсорбиран јаглерод во шумата можат да помогнат во носењето одлуки и да ја откријат вистинската штета предизвикана од губитокот на шумите.
Пред технологијата на 3D скенирање, анализите на дрвјата биле можни само со нивно сечење, но сега се користат мапи за секои дрво. Тие се креираат со ласер, по што се прави модел.
На тој начин научниците можат да ја пресметаат количината на апсорбираниот јаглерод во стеблото и на гранките од дрвото, а податоците во случајот на британската шума, покажаа двојно поголема количина од претходната проценка.