Компанијата vivo во текот на изминатиот месец ја претстави својата X90 серија смартфони во Кина без конкретни информации кога овие уреди би можеле да доживеат глобална премиера. Сепак, според постер што се појави на социјалната мрежа Twitter, телефоните од најновата серија би можеле да го имаат своето меѓународно деби на 31 јануари 2023 година, пренесува GSMArena.
Серијата vivo X90 се состои од три модели – X90, X90 Pro и X90 Pro+, но споменатиот постер не открива кој од овие модели би можел да се појави на пазарот. Сепак, на насловната страница на ппостерот пишува „X90 Series“, па се претпоставува дека најмалку два модели, а можеби дури и сите три, ќе тргнат во авантура на светскиот пазар.
Серијата X90 е многу возбудлив проект на компанијата vivo, бидејќи најмоќниот модел на телефонот X90Pro+ го покренува најновиот Snapdragon 8 Gen 2 чипсет, кој забележа многу интересни резултати на тестот Geekbench 5, соборувајќи го рекордот од 5000 поени во процес кој вклучува повеќе јадра. Од друга страна, новиот чипсет MediaTek Dimensity 9200 со полнење од 120 W и новиот премиум панел на Samsung е резервиран за моделите X90 и X90 Pro.
Сите модели имаат идентичен дизајн со 6,78-инчен AMOLED екран од 120 HZ, кој кај X90 и X90 Pro има резолуција од 1800×1260 пиксели, додека моделот Pro+ има QHD панел и 3D ултразвучен скенер за отпечатоци.
Што се однесува до оперативниот систем, Android 13 работи на OriginOS 3 за Кина, додека остатокот од светот ќе го добие познатиот Funtouch OS интрефејс.
Во Кина, најмоќниот модел X90 Pro+ е достапен од 6 декември по цена од околу 880 евра, додека X90 се продава по цена од 610 евра, а за X90 Pro кинеските потрошувачи треба да платат 745 евра.