Жито Лукс вчера во организацијата на Црвениот крст донираше 2.500 парчиња леб наменети за социјално загрозени лица и семејства, како директна помош на најранливите категории граѓани. Оваа компанија досега неколку пати организираше вакви донации за семејствата со социјален ризик и ранливите категории.
„Ранливите категории имаат постојана потреба од помош во најразлични намирници, а најважна секако е храната. Токму затоа ние, како најголем производител на леб во државата, настојуваме често, во рамките на нашите можности, да им помагаме на овие семејства и граѓани со донации на наши производи“, велат од Жито Лукс.
Жито Лукс како компанија постојано е активна со своите општествено одговорни активности насочени кон помагање на социјално загрозени семејства и граѓани, но и на институции од здравствениот и образовниот сектор. Во тие рамки, компанијата има повеќегодишна соработка со Црвениот крст како организација која најдобро знае каде треба да се упати добиената помош.