Европската вселенска агенција (ESA) неуспешно ја лансираше ракетата Vega C, а како последица се уништени два сателити.
ESA требаше да изврши второ лансирање на целосно новата ракета Vega C, но мисијата не беше успешна. Целта беше да се испорачаат два сателити за Pléiades Neo Earth Online констелацијата, со лансирање од европското вселенско пристаниште во Француска Гвајана.
Првата P120C фаза ракетата ја заврши, но втората фаза Zefiro 40 доживеа сериозни технички проблеми.
„Две минути и 27 секунди по полетувањето се случи аномалија во фазата Zefiro 40, со што е завршена мисијата на ракетата Vega C“, соопштија претставници од француската компанија Arianespace.
Не се познати причините за несреќата, попрецизни податоци ќе покажат анализите кои се во тек.