Компанијата Xiaomi неодамна го претстави MIUI 14 корисничкиот интерфејс, кој е базиран на Android 13. Како што наведуваат од Xiaomi, новата верзија на интерфејсот ќе донесе многу подобрувања. Сега доаѓаат и добри вести за корисниците на постарата серија Xiaomi Mi 10.
Шефот на MIUI 14 најави дека серијата Mi 10 издадена во 2020 година ќе добие надградба на MIUI 14, односно Android 13.
Zhang Gouquan, директор на софтверскиот оддел на Xiaomi одговораше на рашања за MIUI 14. Едно од прашањата беше за ажурирањето на MIUI 14 за серијата Mi 10, односно на која верзија на Android ќе се базира оваа надградба. Gouquan одговори дека ќе се базира на најновиот Android 13, што секако е одлична вест за корисниците на споменатата серија.
Се шпекулираше дека уредите од серијата Mi 10 ќе добијат MIUI 14, но базиран на Android 12. Сепак, на радост на корисниците на Mi 10, MIUI 14 ќе се заснова на Android 13.
Сепак, она што не е добра вест е дека ова ажурирање ќе биде достапно само за уредите што ги покренува Qualcomm Snapdragon 865. Ова значи дека MIUI 14 ќе го добијат Mi 10, Mi 10 Pro и Mi 10 Ultra.
Овие три телефони ќе го добијат своето трето големо ажурирање на Android, иако не спаѓаат во новата политика за ажурирање софтвер што Xiaomi ја воведе за одредени смартфони минатата година.
За жал, не беа споменати Mi 10 Lite и Mi 10 Lite Zoom, што значи дека овие два телефони најверојатно нема да го добијат Android 13.