По два неуспешни обиди за воспоставување врска оваа недела, американската вселенска агенција NASA официјално „го пензионираше“ приземјувачот Insight, со што ја заврши оваа мисија на Марс.
Приземјувачот последен пат бил поврзан на 15 декември. Агенцијата ќе продолжи да следи сигнали „за секој случај“, но можноста за „оживување“ на уредот речиси и да не постојат.
NASA истакнува дека мисијата на Insight на Марс била исклучително продуктивна. Се собирале податоци за длабоката внатрешност на планетата повеќе од четири години.
„Insight ги оправда очекувањата. Како научник кој ја мина својата кариера проучувајќи го Марс, возбудливо е да се види што постигна приземјувачот благодарение на целиот тим луѓе ширум светот кои помогнаа оваа мисија да биде успешна. Тажно е да се каже „збогум“, но наследството на Insight живее, информира и инспирира!“, изјави Лори Лешин, директорка на лабораторијата за млазен погон на NASA.
Во понеделникот, NASA ја објави последната фотографија направена на Марс, од 24 април оваа година. Откако пристигна на површината на Црвената Планета во 2018 година, прашината полека се акумулира на сончевите панели на леталото. На почетокот на оваа година, NASA предвиде дека слојот прашина ќе доведе до губење на моќта, што ќе предизвика конечно исклучување на приземјувачот. Тоа и се оствари.