Со нетрпение го очекуваме следниот Ultra паметен телефон на Xiaomi, бидејќи треба да се појави и надвор од Кина. Најверојатно се работи за Xiaomi 13 Ultra, а се очекува да има и камера со перископ објектив, која според познат дојавувач ќе ги „шокира сите“.
Тоа би значело дека ќе има можности за зумирање кои ќе ги надминат дури и оние на новата генерација Galaxy S Ultra. За жал, нема други детали во овој поглед, но дефинитивно ќе биде интересно да се види идната надградба
Во меѓувреме, друг инсајдер, Digital Chat Station, тврди дека Xiaomi 13 Ultra (M1) ќе нуди до 16 GB LPDDR5X RAM и до 1 TB простор за складирање UFS 4.0. Во однос на складирањето фајлови, ова ќе биде двоен скок над Xiaomi 13 Pro.
Xiaomi 13 Ultra би можел да дебитира на почетокот на следната година, веројатно заедно со глобалното деби на Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro.