Децентрализираната социјална мрежа Mastodon во последно време ужива огромна популарност.
Според најновата објава на блогот на Јуџин Речко, основачот и главен развивач на платформата, социјалната мрежа ја зголеми својата корисничка база од 300.000 месечни активни корисници на 2,5 милиони во периодот октомври-ноември.
Токму ова е периодот кога милијардерот Елон Маск го презеде Twitter. Овој успех е уште поимпресивен ако се знае дека Mastodon не е единствената алтернатива на Twitter.
Секако, сè што се случи со Маск и преземањето на Twitter значително помогнаа голем број корисници да бараат алтернативни услуги. Останува да се види дали овој нагорен тренд за Mastodon ќе продолжи и во декември.
Mastodon постои околу шест години и користи бесплатен софтвер со отворен код кој му овозможува на секој да управува со платформа за социјални медиуми целосно на своја инфраструктура и под своја контрола.
Иако сè уште не може да се спореди со Twitter, кој има околу 250 милиони дневно активни корисници, Mastodon е добра алтернатива за оние кои повеќе не го сакаат Twitter. Многу корисници на Twitter, исто така, паралелно ја користат и Mastodon.