Компанијата SpaceX, чиј извршен директор е Елон Маск, објави дека нејзиниот интернет провајдер Starlink има повеќе од еден милион претплатници, пренесува Mashable.
„Starlink сега има повеќе од 1000.000 активни претплатници – благодарение на сите клиенти и членови на тимот на Starlink кои придонесоа за оваа пресвртница“, се вели на официјалниот профил на компанијата на Twitter.
Она што дефинитивно треба да се нагласи е дека иако оваа бројка можеби звучи импресивно, во SpaceX имаат причина да се грижат, бидејќи брзината на интернетот е значително намалена.
Според извештајот на Ookla од септември оваа година, просечната брзина на преземање на провајдерот Starlink се намалила од година во година од вториот квартал на 2021 година во секоја земја што ја следи компанијата за мерење брзина на интернет.
Според извештајот, овие падови на брзината се движеле од 9 до 54 проценти, при што се истакнува дека овие проблеми може да настанат поради компликации во функционирањето на инфраструктурата поради растот на бројот на корисници.
Инаку, падот на брзината на интернетот на провајдерот Starlink е забележан во моментот кога Илон Маск објави дека компанијата Starlink направила значаен исчекор во лансирањето на сателити и дека интернет сигналот е достапен на сите континенти.
Во наредниот период се очекува бројот на корисници да продолжи да расте бидејќи компанијата SpaceX најави партнерство со германската телекомуникациска компанија T-Mobile за да овозможи директно поврзување на мобилни телефони со сателитите Starlink. Бета тестирањето на овој проект е најавено за крајот на 2023 година.